mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Глобалното затоплување причина за многу болести

Глобалното затоплување причина за многу болести

Типографија

Глобалното затоплување кое придонесува за поголемо загадување на воздухот и промени на живеалиштата на комарците кои пренесуваат заразни болести е поврзано со зголемувањето на болести кај луѓето.

Ова го истакнува група на американски медицински здруженија.

Конзорциумот на лекарски друштва за клима и здравје, кое ги обединува половина од медицинските здуженија во САД, наведува дека луѓето се повеќе заболуваат од астма и болести на бели дробови и срце, како и од инфективни болести.

Американското здружение сака да покрене кампања за политичарите подобро да можат да ја разберат колкава опасност носат климатските промени по здравјето на луѓето. Групата се залага за преминување на чисти извори на енергија и за менување на навиките на Американците повеќе да користат велосипед отколку автомобил како превозно средство. Покрај болестите на белите дробови и на дишните патишта научните велат дека климатските промени доведуваат и до промена на живеалиштата на комарците кои пренесуваат разни заразни болести како што се вирусите западен Нил, зика или денге. Овие болести кои најчесто ги има во топлите делови од светот сега се појавуваат и на север, каде е поладно. Сето тоа е резултат од глобалното затоплување, се наведува во студијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component