Центарот за Еколошка Демократија Флорозон и Организацијата на Потрошувачите на Република Македонија во соработка со Здружение на граѓани УТРО од Ново Село, како дел од националната кампања за промоција на инклузивно управување со водата, на 21ви Септември 2018 година со почеток во 13:00 часот, во центарот на Струмица спроведе регионален промотивен настан. Овој настан се организира во рамките на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, финансиран од Европската Унија.
Целта на промотивната кампања е подигнување на свеста кај граѓаните и другите општествени чинители за важноста на добрите практики при управувањето со водните ресурси како и укажување на потребата за поголема застапеност на граѓаните и граѓанските здруженија при процесот на реформите во водните политики. Кампањата врши промоција на досега спроведените проектни активности, и ги презентира можностите за учество на јавноста при формирање и спроведување на локалните политики за управување со водните ресурси.
Граѓаните на Струмица, медиумите, граѓанските организации, беа одблизу запознаени со активностите од проектот, формирањето на Националната хидро мрежа, за правото на учество на граѓаните и организациите во креирањето на цената на чинење на водата како и реформите во водните политики и начинот на кој тоа право може да се реализира.реализира.