Билансот на жртвите во невремето кое го погоди главниот град на Русија се искачи на 13 загинати и над 100 повредени.
Локалните власти предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Московските служби за вонредни ситуации ангажирани се за отстранување на дрјата, но засега немма извештаи за поголема материјална штета.
Директорот на метеоролошката служба изјави дека дувал ветер со јачина од 22 метри во секунда и оти е можна уште една бура.
Во ураганот кој ја погоди Москва сборени се 3.500 дрвја, а на моменти дувал ветер со јачина од 28 метри во секунда.