Албанското министерство за животна средина спречило продажба на тримесечно мече преку интернет.
Портпаролката на министерството Ана Кекези рекла дека локален овчар го пронашол младенчето заглавено во карпи кај селото Шен Мери, на 35 километри источно од Тирана. Според неа, тој го понудил мечето на интернет и поради тоа бил притворен, казнет парично, и потоа пуштен.
Мечето, на кое му е дадено името Реи, е префрлено во зоолошка градина, каде што ќе се извршат процени дали е безбедно да се врати во природата или да се прати во резерват.
Многу ресторани, одморалишта и поединци во Албанија користат заробени мечки за да привлечат посетители во своите објекти или да им наплатат влезници. Бројноста на овие животни во природата опаѓа.