mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Гутереш: Неопходно е да се спроведе договорот за климатските промени

Гутереш: Неопходно е да се спроведе договорот за климатските промени

Типографија

Апсолутно е неопходно да се спроведе договорот за климатски промени, а САД треба да го разјаснат својот став по тоа прашање, порача Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.

Во својот прв говор за климата, Гутереш оцени дека треба да се постигнат целите поставени со договорот постигнат на крајот од 2015 година во Париз. САД се меѓу 147-те земји и територии што го потпишаа историскиот договор што има за цел да се намали глобалното затоплување на помалку од два Целзиусови степени, и со тоа да се намали ефектот на стаклена градина.

  • Мислиме дека е важно за САД да не го напуштат договорот - рече Гутереш во говорот одржан на Универзитетот на Њујорк.

Според него, ако САД одлучат да го напуштат договорот за климатските промени, за американското општество, градовите, претпријатијата и сојузните држави би било добро да се подготват за примената на „почиста економија“. Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на предизборната кампања истакнуваше дека климатските промени се измама и дека договорот треба да се поништи. На неодамнешниот самит на групата седум најразвиени држави (Г7), тој одбил да се ангажира во примената на договорот и додал дека конечниот став на САД ќе го изнесе оваа недела.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет