Лидерите на Групата седум признаа дека не е можно да ги усогласат ставовите со САД во поглед на борбата против клиатските промени.
Ова ќе биде внесено во завршниот акт на самитот во Таормини вели францускиот претседател Емануел Макрон.
Лидерите на Г7 нашле заеднички јазик за неколку теми, но и натаму постојат точки на несогласување од кои најважно е прашањето за климатските промени. За тоа прашање постои целосен застој и покрај обидите на Германија, Франција, Италија, ЕУ, Јапонија и Канада да ги наговорат САД да го променат ставот.
Извесно е дека САД ќе продолжат да рамислуваат што ќе пават со Парискиот климатски договор според кој е потребно да се намалуваат емисиите на стакленички гасови, додека останатите членки на Г7 ја потврдиле нивната приврзаност кон договорот.