При проверката на фотозамки од балканскиот рис тимот на организацијата ППНЕА останал изненаден од снимките.
Фотографирањето на балканскиот рис, кој е критично загрозен вид, како и кафеавата мечка, волкот, црвена лисица, кафеав зајак и јазовец покажува дека Пука во регионот на Мирдита, Албанија има богат биодивезитет. Следењето на тимот било од зимата 2016 до сега, а од ППНЕА велат дека ќе продолжат со снимање со фотозамки.