mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Кенија забранува производство и увоз на пластични ќеси

Кенија забранува производство и увоз на пластични ќеси

Типографија

Кенија се приклучи на неколку земји од Африка кои го забрануваат производството и увозот на пластични ќеси.

Министерката за животна средина Џуди В. Вакунгу издала наредба за забраната од 28 февруари, а веќе е објавена и во Службениот весник.

Новиот закон ќе стапи на сила шест месеци по објавувањето.

Тенките пластични ќеси се расфрлани на улиците на Најроби и прават најголем процент од ѓубрето на депониите во Кенија. Проблемот е уште поголем во селата каде што не постојат соодветни места за собирање на отпадот.

Камерун, Гвинеја Бисао, Мали, Танзанија, Уганда, Етиопија, Мауританија и Малави се земјите кои имаат донесено закон за забрана за производстви и увоз на пластички ќеси.

Околу 100 милиони пластични ќеси годишно се делат во супермаркетите во Кенија. Стручњаците сметаат дека пластичните ќеси се една од главните причини за загадување на животната средина, а предизвикуваат и здравствени проблеми, помор на птици и други животни кои ги јадат со храната. 

Осум милиони тони пластика, меѓу кои и ќеси, годишно стигаат во океаните. Доколку ова продолжи во океаните до 2050 година ќе има повеќе пластика отколку риби.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component