Масовно загадување на водите на Јадранското Море е регистрирано на крајбрежјето на албанскот пристанишен град Драч.
Појавата први ја забележале рибари, кои веднаш ги информирале надлежните.
- Испуштени се големи количества сомнителни отпадни води на источниот кеј на пристаништето, каде што се вкотвуваат рибарските бродови. Голема површина од морето е загадена - пренесуваат албанските медиуми.
Инспекторите по екологија и јавно здравство водат интензивни истражни активности за да се открие изворот на загадувањето и откривање на виновниците.
Според непотврдени информации, загадувањето е предизвикано од нелегално испуштање на фекалии од септичките јами на хотелите на плажите.