mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Анкета во рамките на проектот „ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ОРГАНСКИ ОТПАД“

Типографија

Во рамките на проектот започнавме со спроведување на електронска анкета за анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата. Анкетата е насочена кон сите граѓани на територија на Град Скопје и Скопскиот плански регион, со посебен фокус на жителите на Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров.

Кон анкетата можете да пристапите со клик на следниов банер:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За повеќе прашања и информации поврзани со анкетата, ве замолуваме да не контактирате на 078/430-251 и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон - Центар за еколошка демократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите, да резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.

 

Содржината на објавата е единствена одговорност на Флорозон - Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје