mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Трета ерупција на вулканот Етна во рок од три недели

Трета ерупција на вулканот Етна во рок од три недели

Типографија

На се уште активниот вулкан Етна на островот Сицилија, регистрирана е нова ерупција, трета за помалку од три недели.

Од кратерот излегува лава и чад во височина до 200 метри, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија.

Оваа последна ерупција на највисокиот вулкан во Европа не се очекува да го наруши воздушниот сообраќај, ниту да создаде проблеми за населението кое живее во неговата околина, вклучувајќи ги и жителита на Катанија, вториот по големина град на островот.

За време на ерупцијата, што беше емитувана на телевизијата ИНГВ, лавата излегуваше од нов кратер, што се отвори во февруари на југоисточната падина на вулканот, висок над 330 метри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component