mksqen

ЕКО-ПРИЈАВА

Соочени со секојдневното загадување на природата и животната средина, Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН и порталот ЕКОЛОГИСТ.МК започнаа со активности за превенција и укажување на последиците од КОВИД отпадот. За таа цел е креирана платформата „ЕКО-ПРИЈАВА‚ преку која корисниците може по пат на фотографија да пријават отпад од заштитни маски, ракавици и друга медицинска заштита. Фотографирај и пријави отпад преку секцијата „Ѕид на срамот‚‚ и наведи ја точната локација. Тимот на ЦЕД ФЛОРОЗОН ќе ја проследи пријавата до надлежните служби!