mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Соочени со суша, фармерите во Кенија прават рибници за сомови

Соочени со суша, фармерите во Кенија прават рибници за сомови

Типографија

Фармерите во Источна и во Северна Кенија нашле иновативен начин како да се справат со недостигот од храна поради долготрајните суши: одгледуваат сомови.

Овој тренд почнал пред четири години како проект на агенција за меѓународна помош, која им сугерирала да ја собираат дождовницата во мали акумулации и во нив да ги одгледуваат овие риби. Една просечна домашна акумулација е долга и широка околу шест метри, а длабока речиси три метри. Водата што се собира е премалку за да се наводнува земјоделска површина и на тој начин да се обезбеди храна, но е доволна за во неа да се изведат и по 1.000 сомови.

На тој начин, како што пренесува Ројтерс, фармерите не само што обезбедувале поголеми количества храна, туку исто така го подобрувале квалитетот на својата исхрана, а успевале и да продадат дел од рибите и на тој начин да заработат.

  • Неверојатно е да се види дека луѓе што пред само неколку години беа зависни од меѓународна помош за храна, сега си обезбедуваат сопствена заработка - вели Дина Вамбуа, претставничка на агенција за помош.

Локалното население исто така било задоволно.

  • Домашните брани се двојна победа. Снабдени сме со вода, а исто така можеме на своите деца да им обезбедиме деликатес, да ги снабдиме со протеини што претходно им недостигаа - рекла Елизабет Мусиока од селото Китамбиони.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет