mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Одржан работен состанок со регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија

Одржан работен состанок со регулаторната комисија за енергетика на република македонија

Типографија

На ден 18ти септември 2018 година,  тимот ЦЕД Флорозон од Скопје заедно со претставниците од националната хидро мрежа,во просториите на  Регулаторна комисија за енергетика  (РКЕ) на Република Македонија, одржа работен состанок со преседателот на  комисијата, господинот Марко Бислимоски.

Состанокот се реализира со цел запознавање на претставниците на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија со активностите и постигнатите резултати на проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“. Посебен акцент беше ставен на афирмацијата  на националната хидро мрежа која е сочинета од  локални граѓански организации  со  цел квалификувано да учествува и да го застапува интересите на граѓаните /потрошувачите во доменот на креирањето на водните политики и реформите во овој сектор како на локално, така и на централно ниво.
Председателот Бислимоски ја поздрави иницијативата  за активна партиципација на претставниците на националната хидро мрежа во работните сесии на Регулаторната комисија за енергетика и воедно предложи продлабочување на соработката со потпишување на меморандум за разбирање со ЦЕД Флорозон од Скопје со цел обезбедување транспарентен процес при донесувањето на одлуките поврзани со формирање на цената на чинење на водата како и зајканување на врските помеѓу граѓанскиот сектор со институциите.  Покрај ова, од страна на Регулаторната комисија за енергетика беше изразена намерата за вклучување во реализацијата на јавната кампања за унапредување на јавната свест за рационално искористување на водата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија