mksqen
17
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Делови од Големиот корален гребен се целосно уништени

Делови од Големиот корален гребен се целосно уништени

Типографија

Новите набљудувања покажале дека делови од Големиот корален гребен во океанот близу Австралија имаат целосно уништени екосистеми, пренесува „Гардијан“.

Истражувачите известиле дека има сериозен недостиг од риби, а коралите продолжиле да побелуваат дури и во зимскиот период, во најтешко погодените делови.

  • Најшокантното нешто беше тоа што немаше риби. Генерално, сега видовме помалку од 50 отсто од тоа што обично го гледаме таму. Некои видови воопшто не ги сретнавме - изјавил Џастин Маршал од Универзитетот во Квинсленд, и главен истражувач на граѓанската научна програма Корал воч.

Маршал поминал една недела истражувајќи ги гребените околу островот Лизард.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет