mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поплави во Калифорнија и во Невада, илјадници луѓе евакуирани

Поплави во Калифорнија и во Невада, илјадници луѓе евакуирани

Типографија

Обилните дождови и излевањето на реките принудија илјадници луѓе да се евакуираат од Калифорнија и Невада, источно од езерото Тахо.

Регионите на Калифорнија и Невада, две држави кои страдаат од суша со години, беа погодени од бурата наречена „Ананас експерс“. Бурата остави без електрична енергија и гас повеќе од 570 илјади корисници во северна и во централна Калифорнија.

Засега е евидентирана една жртва, жена загинала откако стебло паднало врз неа во реонот на заливот на Сан Франциско. Околу 3.000 луѓ што живеат северно од овој град, како и околу 400 домови од градот Рино во Невада се евакуирани.

Бурата која ги зафати овие области стави крај на долгогодишната суша во Калифорнија. Во текот на минатата недела таа донесе  до 38 сантиметри снег на планините Сиера Невада во Калифорнија и помали количества врнежи во западниот дел на Невада.

Силните дождови сепак не им нанеле штети на виновите насади во познатата долина Напа, но помогнале да се наполнат резервоарите за вода што ги користи винарската индустрија во овој регион, по цели пет години суша.

  • Нас всушност ни беше драго што заврана дожд - вели Петси Мекгохи, портпаролка на винарите од Напа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет