Крајниот рок за пријавување на настанатите штети од поплавите кои се случија на 6 август годинава во скопско е петок, 2 септември, заклучно со крајот на работното време во 16.30 часот, соопшти Владата.
До тогаш погодените од оваа катастрофа треба да ги пријават оштетувањата на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година. Ова важи за жителите на Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.
Како што се појаснува, сите лица од овие населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и во Тетово.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS