mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Студија за реката Струмица да се заштити од отпадните води

Студија за реката Струмица да се заштити од отпадните води

Типографија

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) презентираше студија за процени во врска со управувањето со отпадните води во сливното подрачје на реката Струмица.

Како што велат од УНДП, студијата е изработена врз основа на сеопфатни еколошки, демографски, инженерски и економски анализи, која го покрива подрачјето на шест општини со75 населени места во кои живеат околу 65 илјади жители.

На градоначалниците од Југоисточниот регион им биле презентирани анализите, во чиј фокус се сите населени места што се надвор од системите за управување со отпадните води за Струмица и Радовиш, а за кои е обезбедено финансирање од фондови на Европската унија. Се предвидуваат решенија во однос на групирањето на населените места, изборот на локации за идните пречистителни станици и за можните технологии за третман на отпадните води. Направени се и процени на потребните капитални инвестиции, но и на тековните трошоци што би следувале.

  • Станува збор за прв ваков документ, изработен во рамките на Проектот за управување со сливот на река Струмица, кој на интегрален начин, целосно го решава прашањето на управувањето со отпадните води во регионот - изјави Димитрија Сековски од УНДП, раководител на проектот.

Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведуваат УНДП, Министерството за животна средина и просторно планирање и општините од сливот, благодарение на финансиската поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија