Општина Гевгелија ќе ја прошири постојната мрежа за улично осветлување со поставување канделабри по должината на главната сообраќајница во стопанската зона „Блокотехна“.
Од општината посочуваат дека изминативе четири години континуирано се врши проширување на мрежата за улично осветлување при што на подрачјето на општината се поставени 166 електрични столбови на изградени 5.109 метри нови линии за што биле потрошени околу 14,5 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија.