mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Пробиштип се гради велосипедска и пешачка патека

Во Пробиштип се гради велосипедска и пешачка патека

Типографија

Во Пробиштип интензивно се гради новата велосипедска и пешачка патека, која ќе ја спои индустриската зона со градот Пробиштип.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека проектот се реализира заедно со Агенцијата за државни патишта, која го проширува коловозот од шест на седум метри на влезот и на излезот на Пробиштип кон Штип и Кочани.

  • Ние како општина презедовме обврска да поставиме рабници по целата должина од 1.300 метри и паралелно со рабниците да направиме една пешачка и велосипедска патека во должина исто така од 1.300 метри со ширина од два метри. На целата оваа должина веќе се работи во најголем дел се поставени дел од ивичњаците и се подготвува кога ќе дозволат временските услови да се асфалтира овој дел - вели Тоневски.

Изградбата на пешачката и велосипедската патека чини околу пет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија