mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Вработените во Југохром и во декември остануваат во редовен работен однос

Вработените во Југохром и во декември остануваат во редовен работен однос

Типографија

Вработените во Југохром и во декември остануваат во редовен работен однос без разлика што фабриката и натаму не работи. Ова го најави директорот Васко Скендеровски.

  • Менаџментот на Југохром покажа слух и разбирање за вработените, за регионот кој што гравитира околу фабриката и јас како генерален директор одлучив во корелација со менаџментот, вработените и понатаму да останат без исклучок - вели Скендеровски.

Тој најави дека во декември повторно ќе се разговара со Синдикатот согласно условите што ќе бидат и се надева оти до тогаш второстепената комисија на Владата ќе донесе позитивна одлука во однос на жалбата која е доставена од Југохром.

Скендеровски информира дека во Југохром се гради системот за отпрашување и единствената причина за неисполнувањето на интегрираната дозвола во законскиот рок, односно 31 октомври, е тоа што градежната дозвола ја добиле на 18 јули оваа година.

Фабриката, според него, најверојатно ќе биде затворена до крајот на април, односно додека не бидат изградени основните објекти за намалување на загадувањето на Тетово и тетовската околина. Истакна дека поради исплаќање на платите и запирање на производствениот процес Југохром ќе биде во загуба од триста до четиристотини илјади евра на месечно ниво.

Од Синдикатот на работници во Југохром велат дека доколку не се најде решение за брзо решавање на овој проблем тие ќе стапат во радикален штрајк.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија