mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Македонија пошумена со нови 2,6 милиони садници

Македонија пошумена со нови 2,6 милиони садници

Типографија

По пет милиони дрвца ќе се засадуваат секоја година преку традиционалната манифестација „Ден на дрвото“ и Програмата за проширена репродукција на шумите. Ова е најавата од македонските власти на годинешната 17 по ред акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

 А, оваа година Македонија беше пошумена со нови 2,6 милиони садници.

На денешната акција дрвја се садеа во речиси сите градови и села.

Во кочанско на 17 илјади хектари засадени се 34 илјади чемпрес, црн и бел бор и багрем.

Во Делчево денеска се садеше покрај кејот на Брегалница во близина на спортските терени каде на површина од околу еден хектар се засадени две илјади садници од чемпрес и јавор.

Во Македонска Каменица се засадени седум илјади садници во месноста Кузминец, кај селото Дулица на површина од три хектари, додека во урбаниот дел на Македонска Каменица се засадија две илјади садници од јавор, чемпрес и багрем.

Во Кавадарци и Росоман ќе се пошумуваат триесет хектри површина со 75 илјади садници јавор, јасен, багрем и чемпрес.

Велешани во околината на градот на површина од 10 хектари засадија околу 30 илјади садници од млади дрвца.

Акцијата „Ден на дрвото“ годинава се одржа во урбана средина во Нова Битола каде на отворени површини беа засадени листопадни и зимзелени дрвца.

Во Крива Паланка промотивно беа засадени двесте садници на трасата на новиот пат до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ каде се садеа липа, бреза и јасен.

Околу 8.000 садници црн и бел бор, костен, даб и црн орев се засадени на местото викано Долги рид во општина Ресен.

Во Куманово се садеа зимзелени садници, чемпрес и црн бор на локација во близина на село Стрезовце, на површина од околу 100 хектари. Акцијата се реализираше и во липковско Ваксинце, каде учениците и жителите на таа општина садеа садници на површина од 25 хектари. И во општина Старо Нагоричане се садеше на локација во близина на селото Старо Нагоричане на површина од 20 хектари.

На местото викано Попов камен во Струшко беа засадени осум илјади садници црн бор кои се само половина од предвидените, а останатите поради ниските температури ќе бидат засадени утре.

Во Охрид се садеа елки и смреки на локалитетот „Мауцкер“.

Единствено годинава поради ниските температури и снегот во Малешевијата се одложи акцијата, а садниците ќе бидат засадени наредната недела кога ќе дозволат временските услови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија