Бугарската општина Силистра најави дека ќе промени еден свој спорен проект за уредување на јавниот простор, со кој требаше да се исечат околу 100 чинари.
Одлуката доаѓа по силните негативни реакции во цела Бугарија, а кон критиките на проектот се приклучил и премиерот Бојко Борисов. Граѓаните на Силистра се бореле против проектот уште од февруари.
- Општината Силистра реши да го преработи проектот за реконструкција на централната улица Симеон Велики, со цел да сезачуваат дрвјата покрај неа - соопшти општината.
Градоначалникот Јулијан Најденов заедно со граѓаните од неформалната група „Силистра дише“ и другите невладини организации што се бореа против проектот, ќе бара решение како да се смени проектот за да се зачуваат дрвјата.
- По серија средби со граѓани, советници во општинскиот совет, со Министерството за регионален развој, со управувачкиот орган на оперативната програма „Региони во развој“, беа земени во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, како и на архитекти, инженери и архитекти за јавен простор - стои во објаснувањето на општината зошто решила да го измени проектот.
Силистра е пристаништен град на реката Дунав, на романско-бугарската граница, во североисточниот дел на земјата, со околу 27 илјади жители.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS