Министерството за животна средина на Албанија почнува проект за да ја спаси лагуната Куне-Ваин од уништување предизвикано од климатските промени. Со проектот таа треба подобро да се приспособи на промените.
Министерот Кока изјавил дека лагуната е една од најпогодените области во земјата, каде што екосистемот се нарушува поради ерозија и други ефекти од климатските промени. Тој повика на тесна соработка меѓу експертите, локалната самоуправа и жителите за да се спаси ова значајно место. Осоено апелираше до компаниите што работат во областа да не ја нарушуваат животната средина и да не ја уништуваат лагуната.
Проектот чини два милиони долари и е обезбеден преку Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) и албанското министерство.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS