Светскиот дена на шумите, 21 март, во Србија ќе биде одбележан со садење дрва од 20 до 23 март, во повеќе од 90 градинки и основни училишта.
Акцијата ја организира Јавното претпријатие „Србија шуми“ во соработка со општинските власти и локалните самоуправи на територијата на Србија.
Шумарските инженери од „Србија шуми“ ќе организираат и едукативен час и ќе донираат садници за децата од градинките и училиштата од 17 градови во Србија.
Темата на Светскиот ден на шумите е „Шуми и енергија“ преку која на јавноста ќе и се укаже за значењето на шумите како енергетски ресурс, на неопходноста од чување и заштита на постоечките шуми, како и од потребата од нивно постојано зголемување.