Еколошки организации во соработка со градската управа на Тирана отвориле работилница за да се направи албански велосипед.
Со тоа тие очекуваат дека ќе ги поттикнат граѓаните повечќе да користат велосипеди во албанскиот главен град, за да се намали сообраќајниот метеж и загадувањето во него. Според екологистите, патувањето со велосипед е најдобриот начин за транспорт во Тирана поради многу густиот сообраќај. Со тоа, како што велат тие, се одржува телото во форма, но истовремено се штеди простор, време и пари.
- Алберт Ајнштајн рекол животот е како возење велосипед, за да се задржи рамнотежата мора да се биде постојано во движење - порачуваат активистите.