Организации за заштита на животната средина во Албанија делат постери во средните училишта во Тирана и во Химара, со кои ги запознаваат средношколците со тоа какви змии живеат во земјата.
Постерите содржат информации за сите змии, а целта е децата подобро да ја запознаат природата околу себе и да научат како змиите придонесуваат за одржување на природната рамнотежа.
- Албанија има многу богат биодиверзитет. Еден дел од него се и групите рептили и водоземци. Можеби за многу луѓе змиите асоцираат на нешто опасно, но во реалноста тие се симбол на плодноста, внатрешниот мир и бесмтноста. Овој вид е корисен и и помага на природата. Не ги убивајте змиите - порачуваат од организацијата ППНЕА.