mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Србија и Црна Гора преговараат за заедничка хидроцентрала

Србија и Црна Гора преговараат за заедничка хидроцентрала

Типографија

Во средниот тек на долината на реката Комарница во Црна Гора е планирано да се изгради хидроцентрала од 170 мегавати, која ќе произведува околу 200 гигават-часови електрична енергија годишно.

Претставници на електростопанските компании на Србија и на Црна Гора (ЕПС и ЕПЦГ) преговараат за заедничко спроведување на овој проект. Дете претпријатија треба да состават заедничка работна група следната година, чија главна цел ќе биде да ги утврди обврските на двете страни и да ја подготви неопходната документација за почеток на проектот.

Хидроцентралата Комарница првпат била предвидена во 1972 година. Испитувањата вршени во 1980-тите покажале дека проектот има потенцијал. Во 2012 година владата на Црна Гора го вклучи проектот за Комарница во својата поширока Стратегија за енергетски развој до 2025 година.

Според првичната документација, проектот нема да нанесе штета врз населени места, индустриски капацитети, природни богатства или културни вредности, и ќе обезбеди чист извор на енергија што ќе го забрза економскиот развој во регионот. Но дел од локалните власти не го поддржале проектот. Некои невладини организации како „Зелен Дом“ и „Озон“ биле строго против идејата бидејќи, според деталниот просторен план, треба да се изградат 17 брани со што би требало да се иселат повеќе од 1.000 луѓе, а се ризикува да исчезнат повеќе растителни и животински видови. Под притисок на ова, Владата на Црна Гора почнала нова, подлабинска студија за влијанието врз животната средина, од која резултатите допрва се очекуваат.

Во 2013 година се појавиле информации за можни геолошки проблеми. Електростопанските претпријатија на двете земји се заложиле да им ја обезбедат целата релевантна документација на потенцијалните инвеститори, заедно со геолошката студија што треба да биде завршена наскоро.

За Црна Гора, хидроцентралата Комарница е голем проект, и инвестицијата може да достигне над 240 милиони евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан