mksqen
14
Вто, Мај
0 Нови / 7 дена

Пониски такси за разумно користење вода во земјоделството и туризмот

Пониски такси за разумно користење вода во земјоделството и туризмот

Типографија

Во Бугарија се воведуваат нови специјални цени за потрошувачка на вода за наводнување и за туристичките објекти.

Целта, како што наведуваат од Министерството за животна средина и води е рационално користење на водните ресурси преку воведување на економски стимуланси.

Предвидено е земјоделците и хотелите да плаќаат пониски такси ако количините се во утврдените норми. Нормите се дефинирани по предлози на ресорните министерства за земјоделство и храна и за туризам.

Во секторот земјоделство тие се фиксни врз основа на хидрометеорологичните услови во различни делови на земјата, различните видови култури, како и од тоа дали земјоделците наводнуваат гравитачно, преку вештачки дожд или наводнување капка по капка.

Нормите за потрошувачка на вода за туристички цели се на база на бројот на ѕвездите на хотелите. Лимитите се однесуваат само за објекти кои користат сопствени капацитети за водоснабдување, а не услугите на тој што дистрибуира вода.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component