mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Словенија прогласена за зелена дестинација

Словенија прогласена за зелена дестинација

Типографија

Словенија стана првата земја во светот која е прогласена за зелена дестинација, врз основа на проценките од страна на организацијата Green Destinations со седиште во Холандија.

Титулата била презентирана на церемонијата во замокот Љубљана заедно со декларацијата за 100-те топ одржливи дестинации во светот, вклучувајќи ја и Љубљана.

Поздравувајќи ја титулата, Ева Штравс Подлогар, државниот секретар во Министерството за економски развој и технологија, изјавила дека развојот на одржливиот туризам била клучната заложба во стратегијата за развој за 2012-2016 и е среќна што оваа насока се покажала како вистинска.

  • Словенија станува позната во меѓународната туристичка заедница како мала земја која завзема големи чекори во одржливиот туризам - изјавила директорката на словенечката туристичка организација, Маја Пак, укажувајќи на зелената шема на словенечкиот туризам, кој го промовира зачувувањето на животната средина, локалната автентичност и високиот квалитет на живот.

Учесниците на конференцијата се согласиле дека ако зелениот туризам бил сметан за висок стандард во минатото, денес, како што вели директорот на Green Destinations Алберт Салман, тоа е нешто за кое што треба да одлучат туристите кои посетуваат зелени, тивки, чисти и автентични дестинации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан