Општинските советници на Стара Загора го спасија паркот Бедечка од градежни активности.
Тие го прифатија предлогот на градоначалникот Живко Тодоров да се направи нов план кој треба да ја задржи максимално вегетацијата во регионот. Од неформалната група за заштита на Бедечка се задоволни од освоената битка.
- Во иднина најверојатно ќе има и други слични случаи. За да ги избегнеме, сметаме дека тоа е правилна одлука - велат претставниците на групата.
Групата „Чувајте Бедечка" од почетокот на годината врши притисок да се запрат градежните активности во паркот и сечата на дрвјата. Организацијата претстави и алтернативен проект за трансформирање на Бедечка во авантуристички парк.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS