mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Мравките се менуваат ако им се смени животната средина

Мравките се менуваат ако им се смени животната средина

Типографија

Бојата и големината на телото на мравките имаат силна врска со средината во која што живеат, покажала нова студија спроведена од Универзитетот во Ливерпул, со која се истражувале мравки на три различни континенти.

Се покажало дека доминантната боја и големина на телото на овие инсекти може да се менува од година в година, во зависност од температурата и од другите услови во околината. Мравките се ладнокрвни животни, поради што условите во нивната околина силно влијаат врз нив.

Претходните студии покажаа дека големите црни мравки полесно се снаоѓаат во студени места. Големите тела им помагаат да ја задржат топлината, а со црната боја привлекуваат топлина побрзо отколку тие со бледи бои. Новата студија потврдила дека ова може да важи и за големи географски области. Проучувањето траело седум години, во 14 држави во Африка, Јужна Америка и во Австралија. Друг интересен наод е што со текот на годините може целосно да се смени заедницата на мравките ако се сменат климатските услови.a

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component