mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Се зголемува организираното наводнување во Африка

Се зголемува организираното наводнување во Африка

Типографија

Во субсахарска Африка расте интересот за системите за наводнување и меѓу малите фармери, откако климатските промени придонесоа за нестабилни временски услови, а растот на населението во државите од Нигерија до Кенија ја зголеми потребата од сигурна жетва, велат експертите.

Меѓународниот институт за истражување на политиките за храната (ИФПРИ) проценува дека повеќе од еден милион хектари мали фарми редовно се наводнуваат во регионот. Оваа процена е направена врз основа на сателитски снимки и на ограничените податоци што ги имаат самите држави.

Во Танзанија површината на малите фарми со пристап до наводнување се зголемила од 33.500 хектари во 2010 година на 150.000 хектари денес, покажуваат податоците на институтот. Според Рут Мајнцен-Дик, истражувачка во институтот, тоа е малку бидејќи во оваа држава има услови да се наводнуваат до 29 милиони хектари.

Таа додава дека развојот на системите за наводнување може да помогне да се зголеми сигурноста во снабдувањето со храна во регионот, во кој се очекуваат уште поекстремни временски услови. Исто така, според истражувачите, тоа може да биде двигател на развојот.

  • Наводнувањето на малите фарми е опција како да се развие отпорност на климатските промени - вели уште еден истражувач од институтот, Давит Меконен.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component