mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Норвешка ја задржува забраната за црпење нафта на Арктикот

Норвешка ја задржува забраната за црпење нафта на Арктикот

Типографија

Норвешката Влада потврдила дека ја задржува забраната за барање наоѓалишта на нафта и на гас на островите на Арктикот, отфрлајќи ги информациите дека би можела да ја укине во пресрет на изборите во 2017 година.

Министерството за нафта и енергија испратило писма од сите нафтени компании информирајќи дека станувало збор за медиумски шпекулации, и дека забраната останува.

  • За ова никогаш не станало збор - се вели во соопштението.

Гласините биле причина за протест во Осло претходно, на кој учествувале неколку стотини луѓе, барајќи да се задржи строгата заштита на животната средина.

  • Мораме да се осигураме дека Арктикот ќе остане надвор од границите за експлоатација - рекол Трулс Гуловсен, претседател на норвешкиот огранок на Гринпис.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет