mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Симболот на загрозените видови веќе не е загрозен

Симболот на загрозените видови веќе не е загрозен

Типографија

Џиновската панда, животното што со децении е симбол на борбата за заштита на загрозените видови, веќе не спаѓа во нив.

Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) ја соопшти добрата вест дека официјалниот статус на пандата на црвената листа се менува од „загрозен“ во „ранлив“. Ова следува откако за една деценија бројот на панди што живеат во дивината се зголемил за 17 отсто, односно денес има 1.864 панди во планините во Кина.

  • Повеќе од 50 години џиновската панда беше најомилената икона, како и симбол на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF). Тоа што сега пандата е еден чекор подалеку ид исчезнување е голем момент за сите што се посветени на заштита на дивиот свет и на неговите живеалишта - рекол Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за дивиот свет.

Според него, опоравувањето на пандата покажува дека кога ќе се спојат науката, политиката и ангажманот на локалната заедница, може да се спаси дивиот свет и да се унапреди биолошката разновидност.

Но, додека статусот на пандата се унапредил, други видови се под поголема закана од порано, вклучувајќи ги источните горила, кои се сега критично загрозен вид, само еден чекор од целосно изумирање, главно поради криволовот.

Логото со пандата на Светскиот фонд за дивиот свет било дизајнирано од неговиот основач, Сер Питер Скот во 1961 година. Дваесет години подоцна, фондот беше првата меѓународна организација што почна да работи во Кина. Оттогаш тие работеле со владините и со локалните служби за да се воспостави мрежа од резервати за панди, да се заштитат нивните шуми и да се поврзат изолираните популации. Денес има 67 резервати, кои штитат речиси две третини од сите панди во дивината. Со овие мерки се заштитиле и големи површини бамбусова шума, со што се збогатил биодиверзитетот и се обезбедило одржливо снабсување со ресурси на десетици милиони луѓе што живеат покрај реките низводно од живеалиштата на пандите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет