mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пеперутка што некогаш исчезнала сега успешно опстојува во Британија

Пеперутка што некогаш исчезнала сега успешно опстојува во Британија

Типографија

Бројот на загрозените големи сини пеперутки во Велика Британија е највисок во последниве 80 години, покажале податоците на заштитарите. Оваа пеперутка порано била прогласена за исчезната во земјата.

Околу 10.000 возрасни единки се забележани во областите Глостершир и Сомерсет, што е најголема регистрирана концентрација во светот. Ова е спротивно на очекувањата дека 2016 година ќе биде најлоша за британските пеперутки. Тие положиле повеќе од 250.000 јајца во овие области.

Професорот Џереми Томас од Заедничкиот комитет за враќање на големата сина пеперутка, вели дека бројноста на овој вид, кој што бил вратен во Велика Британија во 1984 година откако претходно исчезнал, е најголема во последните 80 години.

  • Успехот на овој проект е сведоштво за тоа што може да се постигне со соработката меѓу заштитарите, научниците и волонтерите. Ова е доказ дека можеме да ги спасиме загрозените видови ако ги проучиме факторите што ги загрозуваат - вели Томас.

Станува збор за специфичен вид пеперутки, чија гасеница, откако ќе се храни три недели на цвеќињата на кои што се извела, испушта мириси со кои ги намамува мравките да помислат дека е нивна ларва и да ја однесат во нивното живеалиште. Десет месеци гасеницата се храни со храната на мравките и потоа се претвора во пеперутка и одлетува. Видот бил прогласен за исчезнат во 1979 година, иако претходно 50 години научниците се обидувале да го спасат. Неговото повторно воведување во 1984 година се должело на откритието дека гасениците можат да опстанат само во гнездата на еден вид црвени мравки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет