mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Австралиско гратче сака да се исклучи од електроенергетскиот систем

Австралиско гратче сака да се исклучи од електроенергетскиот систем

Типографија

Австралиското гратче Тјалгум во Нов Јужен Велс, со околу 300 жители, сака целосно да се исклучи електроенергетскиот систем на државата, пренесува Би-би-си.

Ако се оди според планот, ова мало гратче во регионот познат по својот алтернативен стил на живеење, ќе биде првото место во Австралија кое ќе се одвои од државниот електроенергетски систем и ќе биде осветлено со стопроцентно користење на обновливи извори на енергија.

Идејата за ова беше претставена во септември 2014 година од локалниот претприемач Ендрју Прајс, кој веќе 10 години е ветеран во индустријата на обновливи извори на енергија и ја води компанијата Острелиан рејдио тауерс.

  • Зошто надвор од електроенергетскиот систем? А зошто да не? Струјата е евтина, стабилна и сега соларната енергија е онолку зелена и обновлива како и другите. Исклучувањето на цел град од електроенергетски систем исто дава до знаење на целата земја дека ова е можно и дека треба да се случи - изјавил Прајс за Би-би-си.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет