mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Силен земјотрес во Италија, најмалку 247 загинати

Силен земјотрес во Италија, најмалку 37 загинати

Типографија

Италијанската Цивилна заштита соопшти дека 247 луѓе загинале во земјотресот што вчера го погоди централниот дел од Италија.

Во областа Лацио загинале 190 луѓе, а 57 во областа Марке.

Тие цифри го ставаат земјотресот што беше со интензитет од 6,2 степена меѓу најсмртоносните во Италија во изминатите години.

Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека властите се во контакт со локални официјални лица од погодените зони и оти им е испратена дополнителна помош.

  • Моето место веќе не постои, единствено слушаме гласови од под урнатините - изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Порици.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет