mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Индија ќе ја надмине Кина според смртноста од аерозагадувањето

Индија ќе ја надмине Кина според смртноста од аерозагадувањето

Типографија

Бројот на луѓе што умираат од загадување на воздухот во Индија расте, и може да ја надмине стапката на смртност на Кина, покажало ново истражување.

Причинта за ова е што Индија преминува преку своите еколошки правила и отвора се` повеќе руднициза јаглен.

  • Ситуацијата во Индија се влошува со многу поголема брзина отколку во Кина. Дефинитивно тоа е зашто Индија не презема доволно мерки против аерозагадувањето - вели Ден Гринбаум, претседател на Институтот за последици врз здравјето (ХЕИ) од Бостон, САД.

Институтот, заедно со кинески и со индиски универзитети, неодамна утврдил дека половина од смртните случаи поради загаден воздух во светот се регистрираат токму во Индија и во Кина. Во Кина најголем извор на загадување биле термоцентралите на јаглен. Но Индија многу заостанувала во спроведувањето на построги еколошки политики во врска со експлоатацијата на јагленот.

Исто така, додека Кина планира да го намали користењето на јаглен за 500 милиони тони до 2020 година, и да ги намали емисиите на штетни гасови од главните загадувачи за 60 проценти, во Индија се засилува употребата на јагленот бидејќи премиерот Наренда Моди се обидува да го исполни предизборното ветување дека ќе обезбеди електрична енергија за државата од 1,3 милијарди жители.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет