mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Шумски пожари беснеат во јужна Франција

Шумски пожари беснеат во јужна Франција

Типографија

Две лица се повредени, а 2.260 хектари земјиште се опожарени вчера во големите шумски пожари, што ја зафатија јужна Франција во близина на Марсеј. Стотици жители се евакуирани поради пожарите, но според противпожарната служба на департментот Буш ду Рон во текот на ноќта условите за негово совладување станале поповолни.

  • И покрај силниот ветер, температурите се намалуваат. Пожарникарите ги прераспределуваат силите, бидејќи огнот е совладан на неколку места. Пожарите изгледа ја губат силата, но се уште не се целосно изгаснати - напиша на Твитер градоначалникот на Марсеј, Жан Клод Годен.

Пожарникарите синоќа околу 21 часот по локално време соопштија дека ситуацијата е надвор од контрола, дека пожарот е исклучително моќен, брз и експлозивен и оти продолжува да уништува се што му стои на патот, вклучувајќи и куќи. Во гаснењето учествуваат 1.100 пожарникари. Во текот на денот шест авиони за и еден хеликоптер од Милано се вклучија во акцијата, а уште два авиона се очекува да пристигнат на Корзика.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет