mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Светски метеоролози: Долго, топло и сушно лето во Јужна и Источна Европа

Светски метеоролози: Долго, топло и сушно лето во Јужна и Источна Европа

Типографија

Реномираната американска компанија за метеролошка прогноза  АјкуВедер (AccuWeather) предвидува дека за подрачјето на јужна и источна Европа ова ќе биде долго топло лето со опасни топлотни удари и суша.

Според прогнозите на АјкуВедер на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот Полуостров.

Особено долгиот топлотен бран ќе биде изразен во текот на јули и август.

  • Температури над 32 степени Целзиусови ќе бидат вообичаени во текот на целото лето, а ќе има и најмалку еден подолг период на опасни горештини, кој ќе трае најмалку седум дена - се наведува во прогнозата, со посебна напомена дека можат да се очекуваат и температури, кои ќе бидат над досегашните температурни рекорди. 

Метеорологот Аен Реперт говорејќи за подрачјето на Балканот изјави дека најголема опасност од високи температури им се заканува на Македонија, Унгарија и Романија.

Неговиот колега Тајлер Ројс не ја исклучи можноста од појава на зголемено ниво на смог и лош квалитет на воздух. 

Како последица на високите температури ќе се појави суша, што негативно ќе се одрази врз посевите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет