mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Светот го одбележува Меѓународниот ден на птиците

Светот го одбележува Меѓународниот ден на птиците

Типографија

Опстанокот на секој десетти вид птици денес е загрозен, велат од Бугарското друштво за заштита на птиците, по повод Меѓународниот ден на птиците.

Според друштвото, постои реална опасност од регионот да исчезнат врапчињата и мршојадците. Како што велат, тоа се важни факти што треба да ги наведеме по повод Меѓународниот ден на птиците.

Одлуката да се посвети посебен датум на дивите птици е донесена уште во 1906 година, по Конвенцијата за заштита на ретките птици. Тоа е еден од најстарите датуми во меѓународниот календар посветени на загриженоста за зачувувањето на дивата природа.

Годинава Бугарското друштво ќе го посвети денот на птиците на врапчето и на кампањата за пребројување на овие птици, во која може да се вклучи секој жител на земјата. Експертите на тој начин ќе можат да вложат дополнителни напори за да ги утврдат причините за намалениот број на овие птици и за да ги спасат од исчезнување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет