mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Мразот на Арктикот е се помал

Мразот на Арктикот е се помал

Типографија

Заледената површина на Северниот леден океан е помала отколку претходните години.

Ова  го соопштија од НАСА и американскиот центар за податоци за снегот и мразот.

Ова е трета година по ред како е забележано повлекување на мразот кој се следи од почетокот на сателитското набљудување во 1979 година. Тоа не се смета за изненадувачка појава затоа што 2016 година беше најтопла до сега.

Океанот во околината на Северниот пол на 7 март бил покриен со 14,42 милиони квадратни километри мраз, што била и максималната површина за оваа зима.

Површината под мразот во 2015 била нешто поголема од 14,51 милиони квадратни километри, а во 2016 била 14,52 милиони квадратни километри.

Научниците намалувањето на заледената површина го објаснуваат со топлите есени и зими, а температурата на површината на океанот била 2,5 степени Целзиусови над просекот.

Сателитските снимки на Европската свемирска агенција исто така покажуваат дека во последните четири години мразот на Северниот леден океан е се потенок.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет