mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Каиро на киосци се откупува ѓубре

Во Каиро на киосци се откупува ѓубре

Типографија

На жителите на Каиро им се нудат пари за нивното ѓубре кое може да се рециклира.

Ова се дел од напорите за чистење на улиците и намалување на отпадот од депониите.

Два киоска во Каиро веќе почнале со купување на лименки, стакло, хартија и различни видови на пластична амбалажа.

  • Идејата е да се даде вредност на ѓубрето, па наместо да се фрла луѓето може да имаат корист од него, а тоа ни помага да имаме чисти улици - вели гувернерот на Каиро Атеф Абделхамид.

Проектот е предводен од страна на двајца членови на парламентот во Египет кои успешно лансирале вакви проекти во други градови, но со помал обем.

  • Сакавме секој поединец да се чувствува одговорен за безбедноста и чистотата на улиците - вели Надја Хенри, еден од пратениците.

И покрај ниските откупни цени на ѓубрето сепак финансискиот стимул е многу вреден за многумина во Каиро.

  • Тоа е одлична иницијатива, а парите нас и нашите деца не охрабруваат да собираме повеќе ѓубре наместо да го фрламе надвор - изјавил еден жител на Каиро.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет