mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Трамп може да најави ревизија на стандардите за издувни гасови од автомобилите

Трамп може да најави ревизија на стандардите за издувни гасови од автомобилите

Типографија

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел наскоро да најави ревизија на стандардите за ефикасна потрошувачка на гориво и испуштање штетни гасови од автомобилите, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на извори од Белата куќа.

Трамп неделава треба да се сретне со производители на автомобили во предградие на Детроит, главниот град на автомобилската индустрија во САД.  Таму тој ќе се сретне со водечките луѓе од индустријата, кои со месеци барале да се променат стандардите што треба да ги постигнат до 2022 година, а што ги воведе администрацијата на претходниот претседател Барак Обама.

Портпаролот на Белата Куќа Шон Спајсер изјавил дека целта на посетата на Трамп е растот на бројот на работни места и на производството на автомобили, преку отстранување на регулативите што го спречуваат развојот на овој сектор, но не навел детали што ќе значи тоа.

За разлика од автомобилските компании, активистите за заштита на животната средина се залагаат да останат стандардите воведени од Обама, аргументирајќи дека тие ќе придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови. Тие најавуваат дека ќе ја тужат администрацијата на Трамп ако ги спушти стандардите. За да се сменат правилата е потребно да се спроведе долга законска процедура, која ќе им отвори можности на екологистите и на членовите на Демократската партија да преземат правни мерки против оваа одлука. Стандардите за поефикасно користење на горивото се централната точка на планот на Обама за борба со климатските промени. Но Трамп неколку пати најавуваше дека зголемувањето на бројот на работни места, особено во автомобилскиот сектор, ќе му биде меѓу главните приоритети.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет