mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

СЗО: Годишно умираат 1,7 милиони деца поради загадување на животната средина

СЗО: Годишно умираат 1,7 милиони деца поради загадување на животната средина

Типографија

СЗО соопшти дека 1,7 милиони деца годишно умираат поради загадување на животната средина, вклучително од загадена вода и воздух, чад и недостиг од адекватни хигиенски услови.

Такви несанитарни услови и загадување на животната средина може да предизвикаат фатални случаи на дијареја, маларија и воспаленија на белите дробови, се вели во извештај на СЗО.

  • Загадувањето на животната средина е смртоносно особено за децата. Развојот на нивните органи и имунолошкиот систем ги прави ранливи на загадување на воздухот и водата - изјави директорката на СЗО Маргарет Чен.

Во извештајот се додава дека изложување на штетни дејствија може да почне уште во утробата на мајката и да продожи ако децата се изложени на надворешно загадување на воздухот. Освен тоа децата се изложени на хемиско загадување преку храната, водата и воздухот, се додава во извештајот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет