mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Земјотрес ја погоди североисточна Јапонија во регионот на Фукушима

Земјотрес ја погоди североисточна Јапонија во регионот на Фукушима

Типографија

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“, соопшти јапонскиот Геофизички институт.

Не постои ризик од цунами. Земјотресот се случил во заливот на Фукушима, а тој е почувствуван и во Токио.

Поради прекин на електричната енергија, предизвикан од земјотресот и со цел проверка на железничките линии, беа сопрени супербрзите возови.

Засега нема податоци за жртви и за материјална штета.

Во нуклеарната централа „Фукушима-1“ не се регистрирани аномалии како резултат на земјотресот.

На 11 март пред шест години силен земјотрес ја погоди зоната и предизвика гигантско цунами, при што загинаа 18.500 лица и беше предизвикана нуклеарна катастрофа во „Фукушима-1“.

Во април минатата година имаше два силни земјотреса во регионот на Кумамото, во југоисточниот дел на земјата. Тие беа проследени во 1.700 вторични потреси. Педесетина лица загинаа, а штетите беа големи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет