mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Калифорнија предлага 437 милиони долари да се вложат во справување со поплави

Калифорнија предлага 437 милиони долари да се вложат во справување со поплави

Типографија

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун предложил да се потрошат 437 милиони долари за контрола на поплави и за одговор при катастрофи.

Предлогот на Браун доаѓа неколку дена по штетата предизвикана од највисоката брана во земјата, која се наоѓа североисточно од главниот град на државата, а која доведе до евакуација на околу 200 илјади луѓе.

Браун изјави дека тој ќе побара од државата да го одобри вложувањето 387 милиони  долари од обврзници, а другите 50 милиони долари дека ќе бидат од општиот буџет на државата.

Оштетувањето на преливникот на браната Оровил покажа дека инфраструктурата е веќе стара и дека носи проблеми.

Гувернерот Браун најавил и дека ќе испрати писмо до претседателот на САД Доналд Трамп со кое ќе побара финансиска и друга помош од сојузната влада.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component