mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Песочни бури, виулици и поплави во Иран

Песочни бури, виулици и поплави во Иран

Типографија

Иран во последните неколку дена е погоден од песочни бури, виулици и поплави, поради што беше прекинато движењето на милиони луѓе во северниот и јужниот дел на земјата.

Неколку луѓе се загинати во лавини во северниот дел во последните две недели.

Во половина од 31 провинција на Иран училишта се затворени поради снегот во северниот дел и поради поплавите и песочните бури на југ.

Снегот во некои места во северниот дел достигна висина од два метри. Стотици села се отсечени во неколку провинции, особено во северната покраина Курдистан, Источен Азербејџан и северниот дел на Гилан.

Во јужниот дел има поројни дождови кои предизвикаа поплави во провинциите Кузестан Фарс, Керман, Hormozgan и Систан-Балучистан.

Во провинцијата Керман има попуштено земјена брана, што предизвика голема поплава во Џирофту каде беа делумно уништени десетици куќи.

Според властите, износот на песок во воздухот е 18 пати повисок од нормалното и има висока влажност која предизвика и прекин на електричната енергија и водата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет

This module can not work without the AcyMailing Component