mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Дваесет кинески градови се обединуваат во борбата против смогот

Дваесет кинески градови се обединуваат во борбата против смогот

Типографија

Кинеското Министерство за животна средина им нареди на 20 градови да ги усогласат напорите во борба против смогот.

Градовите се наоѓаат во зоната на три воздушни коридори - западен, централен и источен, по кои поради геолошки и метеоролошки услови загадените воздушни маси се движат кон север.

Ограничувањето на емисијата на штетни гасови во градовите како Анјан и Таншан ќе го намалат тешкиот смог во соседните региони и ќе му помогнат на Пекинг да ја постигне амбициозната цел за оваа година - да ја намали концентрацијата на фините честички ПМ 2,5, кои продираат во белите дробови до 60 микрограма на кубен метар од 73 во 2016 година.

Според Светската здравствена организација (СЗО) безбедната дневна норма на честички ПМ2,5 во воздухот не смее да биде поголема од 25 микрограма на кубен метар.

Трета година по ред Кина води војна со загадувањето, а главни причини за тоа се автомобилитге и електроцентралите на јаглен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет